(Видео) Келнерка на Октоберфест стана хит на социјалните мрежи: Оваа девојка е за женење

Видео со келнерка од популарниот фестивал на пивото во Германија „Октоберфест“ стана хит на социјалните мрежи. На Тик ток се појави видео како девојка добро се снаоѓа со криглите пиво.

„Секоја чест девојко“, „Јас би можел евентуално 3 кригли да кренам“, „Каква професионалка“, „Оваа девојка е за женење“, се само дел од коментарите.

Во Минхен во саботата е отворен најголемиот фолклорен фестивал за пиво на светот, Октоберфест.

Како што пренесуваат светските медиуми цените на познатиот фестивал никогаш не биле повисоки. Пивото оваа година чини помеѓу 13,20 евра (Museumslzelt) и 14,50 евра (Käfer). Поскапеа и безалкохолните пијалаци, па така 1 литар вода изнесува 10 евра, а 1 литар лимонада од 8,20 до 12,40 евра.

На фестивалот ангажирани се околу 1800 келнери и келнерки.

 

@mr..best.of.fun Marry me 😂 #viral #foryou #fyp #funny #viralvideo #oktoberfest #wiesn #wiesn2023 ♬ Originalton – Mr. Best of FUN

Scroll to Top