(Видео) „Комити“ приредија шоу на Градски, гореа факели и ечеа песни за 75. роденден на Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, го прослави 75. роденден. Голем број „комити“ излегоа на улиците низ Скопје и дојдоа на стадионот „Тодор Проески“ да го прослават големиот јубилеј. На пријателскиот натпревар со Железничар направија вистинско шоу.

Гореа факели, се пееја патриотски песни и го вееја македонското знаме. Атмосферата се вжешти кога Мартин и Стефан од „Некст тајм“ заедно ја отпеаја „Ја излези Ѓурѓо“. Вардарците се потсетија на убавите шампионски денови и посакаа клубот да се врати во елитата и повторно да освојува трофеи.

За потсетување, „црвено-црните“ славеа со 2:0, а навивачката група „Комити“ прослави уште еден голем јубилеј, 35 години од постоењето.

Scroll to Top