(Видео) Луѓе висеа во воздух откако се расипа рингишпил во забавен парк во Кина

Дваесетина посетители висеа неколку метри во воздух откако се расипа една од вртешките во забавниот парк во Фунан во Кина. Луѓето се наоѓаа на десетина метри од земја и останаа да висат неколку минути. Инцидентот се случил на 19 јануари, а бил снимен од случајни сведоци кои потоа го објавија на кинескиот „Тик ток“.

Дваесетина туристи беа заглавени во нивните седишта со нозете во воздух. Светлата на вртешката продолжија да трепкаат, а работниците откако не можеа повторно да ја активираат контролната табла, мораа да се качат на неа за да ја поправат.

Од компанијата Anhui Shinet Entertainment Co. Ltd која е одговорна за управувањето на рингишпилот, објаснија дека престанал да врти затоа што тежината на луѓето кои седеле на двете страни била иста. Рекоа и дека секој ден редовно прават контроли за исправноста на машините.

Персоналот исто така рече дека ако некои од туристите се почувствувал непријатно, може да побара да му бидат вратени парите, а ќе му биде платена и сметката од лекарските прегледи.

Scroll to Top