(Видео) Маж откри дека бил во интимен однос со Барак Обама во емисијата на познатиот водител Такер Карлсон

Светски познатиот водител Такер Карлсон објави тизер за интервју со маж кој тврди дека бил интимен со поранешниот американски претседател Барак Обама. На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) Такер објави дел од интервјуто во кое соговорникот наведува дека конзумирал дрога со Обама.

„Бев во бар кога ми се претстави Барак Обама. Му дадов 250 долари за крек. Следно што се сеќавам, имаше луле и пушеше крек. Ја ставив раката на неговата нога и работите тргнаа како што очекував “, објасни мажот кој рече дека во моментите кога имале секс не знаел кој е тој.

Имавте секс двапати, го гледавте како пуши крек и немавте поим кој е тоа?“, го праша Карлсон, на што мажот одговори потврдно.

На крајот Карлсон го праша дали добил впечаток дека на поранешниот американски претседател му било прв пат да биде интимен со маж, на што доби одговор дека не му било ни првпат, ниту пак последен.

Водителот најави дека интервјуто во целост ќе биде прикажано во среда во 18 часот по средноевропско време.

Scroll to Top