(Видео) Модриќ спремен да му шутира на Столе

Столе Димитриевски и Лука Модриќ се главна тема во спортските медиуми во регионот, откако вчеравечер играа Реал Мадрид и Рајо Ваљекано. На порталите и социјалните мрежи се споделува фотка од моментот кога Модриќ се спрема да шутира пенал на Димитриевски, па двајцата спортисти се гледаат над топката.

„Столе проба да го деконцентрира Лука, ама хрватскиот фудбалер на крајот му даде гол“, „Како рогови во вреќа“, „Хрватска – Македонија 1:0“, „Столе можеби го изгуби дуелот со Модриќ, ама го доби натпреварот“, се дел од коментарите на Твитер.

Рајо Ваљекано на крајот го победи Реал Мадрид 3:2 и за кралскиот клуб ова беше првиот пораз во Ла Лига оваа сезона.

Scroll to Top