За време на тајм-аутот во средината на првата четвртина од натпреварот од Суперкупот на ВТБ во Москва помеѓу Партизан и Зенит непознат млад човек имаше обид да ја побара за сопруга неговата девојка.
На видеото кое се појави на интернет момчето ѝ приоѓа на девојката која е на трибините, клекнува на колена и на девојката ѝ покажува прстен. Целата ситуација е следена од камерите додека видео беше прикажано на големиот екран.
Додека момчето очекувало потврден одговор, девојката одмавнува со главата, го покрива лицето со рацете, а момчето се оддалечува од неа.
Prosidba propala na meču Zenit-Partizan: Ne bismo bili u koži ovog momka 🫠 🎥 Mozzart sport pic.twitter.com/VvUWkMTXX6
— Balkan Sports (@BalkanSports) September 25, 2022