Битолски музичари ги забавуваа битолчани среде старата чаршија. Тие ја пееа познатата македонска народна песна „Ако одам во Битола“, а случајните минувачи уживаа во убавиот староградки звук на музичарите.
„Со „Ако одам во Битола” групата Битолски тамбураши го враќаат староградскиот дух на познатата битолска стара чаршија. Денес и утре, елате си в чаршија и купете си нешто на попуст до 50%“, напишаа на фејсбук фан страницата Бабам Битола.
Станува збор за настанот „Чаршиски попуст“ во Битола каде се е на 50% попуст, со цел да не дозволат да замре џагорот и еснафлукот, велат организаторите.