(Видео) Најдобриот фудбалер на Наполи ќе го тужи клубот затоа што го исмејувале на Тик Ток

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, го тужи италијанскиот шампион заради видео на „Тик ток“, во кое шампионот се исмева со него. Виктор кој му донесе на клубот од Наполи титула минатото лето по 33 години, прво се скара со претседателот на клубот Аурелио ди Лаурентис, а потоа и новиот тренер.

Последната капка која ја прели чашата беше видеото на „Тик ток“, во кое Виктор промаши пенал, а од клубот на „Тик ток“ го објавија видеото со намера да го исмејат. Ова го потврди неговиот агент Роберто Календа, кој рече дека видеото во кое се исмејува Виктор, од клубот брзо потоа го избришаа.

„Видеото предизвика сериозна штета на мојот клиент кој има ужасен третман од клубот, а исто така страда од лажни вести“, објави Календа кој најави дека Виктор може и да го тужи Наполи поради ова.

За потсетување, за време на викендот Виктор Осимен промаши пенал при ремито против Болоња (0:0), а потоа се скара со тренерот Руди Гарсија затоа што го извади од игра.

Scroll to Top