(Видео) Најголемиот авион во светот има крила подолги од фудбалско игралиште и постави рекорд со пробен лет од 6 часа

„Д Рок“ е најголемиот авион во светот. Овој авион има крила подолги од фудбалско игралиште и има шест мотори.

Авионот го заврши 6 часовниот пробен лет, кој е всушност нов рекорд за авиони кои летаат со негова големина. „Д Рок“ полета од водушното и вселенско пристаниште „Мохаве“ во Калифорнија. Ова превозно средставо претставува пробно возило за повеќекратна употреба на ракетен погон. Долго е 8,5 метри, а распонот на крилата е од 3,4 метри. Авионот има труп и три млазни мотори од двете страни, додека вкупниот распон на крилата е 117 метри.

Авионот е произведен од компанијата Stratolaunch кој ќе служи како платформа за тестирање на хиперсоничен товар.

Успехот на летовите му овозможува на Stratolaunch да премине во следната фаза од својот план, а тоа е безбедно раздвојување на хиперсоничниот лет. „Д Рок“ е дизајниран да лансира сателити во ниската орбита на Земјата.

Scroll to Top