(Видео) НАСА објави фотографии и видеа од сударот со астероидот

НАСА објави фотографии и видеа од сударот на леталото „Дарт“ со астероидот Диморфос. Фотографиите беа направени со вселенскиот телескоп „Хабл“ и новиот вселенски телескоп „Џејмс Веб“. Од НАСА велат дека сударот успеал да го промени правецот на астероидот.

Ова беше тест за да се утврди дали во иднина може да им се промени правецот на астероидите кои може да претставуваат закана по Земјата. Фотографиите беа објавени во четвртокот уште во раната фаза од тестот, кој беше изведен неделава.

„Кога ги видов податоците, останав без зборови. Бев воодушевен од неверојатните детали кои ‘Хабл’ ги забележа“, рече Џијан Јанг Ли од Институтот за планетарни науки во Тусон во Аризона. Тој го водеше тимот на „Хабл“.

„Се чувствувам среќен што присуствував на ваков момент и бев дел од тимот кој го направи ова. Може да се види дека Диморфос станува посветол на фотографиите кои беа направени во период од 22 минути. Беа направени 5 часа по ударот со ‘Дарт’.Веднаш се видоа сини облаци“, додаде тој.

(Видео) НАСА ќе погоди астероид во вселената за да му го промени правецот

Scroll to Top