(Видео) Навивач на Вест Хем сам се тепаше против стотина хулигани па клубот му подари билет за финалето

Навивач на Вест Хем сам се пресмета со десетици хулигани на АЗ Алкмар, по завршувањето на полуфиналето на Конференциската лига. По поразот на АЗ Алкмар, холандските хулигани ги нападнаа семејствата на агнлиските фудбалери, па и тие одма реагираа и тргнаа да ги заштитат.

Сепак еден од англиските навивачи, Нолзи, буквално сам се тепаше против десетината хулигани. Затоа од клубот му подарија бесплатен билет за големото финале против Фиорентина. За потсетување, Вест Хем беше подобар од АЗ Алкмар во полуфиналето во Конференциската лига, па ќе игра финале со Фиорентина.

(Видео) Хулигани ги нападнаа семејствата на фудбалерите на противничкиот тим

Scroll to Top