Дел од навивачите на Реал Мадрид на синоќешниот натпревар против Манчестер сити во Лига шампиони, излегоа предвреме и не успеаја да се израдуваат на големата победа на нивниот тим. Манчестер сити до 90. минута од натпреварот водеше со 1:0 и беше речиси сигурен финалист.
Но, со двата гола на Родриго во деведесеттата минута и судиското продолжение, шпанскиот тим успеа да се избори за продолженија. Во првото продолжение Бензема од пенал му ја донесе победата на Реал Мадрид и големото финале против Ливерпул.
The Real Madrid fans who left the stadium before the 80th minute were not allowed back in the Santiago Bernabeu to watch extra time. 😅😅😅
pic.twitter.com/zAWKI9mzqi— FootballWTF (@FootballWTF247) May 5, 2022
Тоа не успеаја да го видат сите шпански навивачи, откако дел од нив уште во 80. минута го напуштија стадионот. Кога разбраа дека дошло до сензација и дека пропуштиле историја, веќе било доцна да се вратат, пренесе шпанскиот весник „Марка“.
Полицијата не им дозволи да се вратат на трибините откако веќе излегле од стадионот, без разлика на тоа што тие им ги покажувале своите карти и влезници. Остатокот од натпреварот тие морале да го гледаат на телефоните и да ја слават победата без своите омилени херои.
Реал Мадрид го победи Манчестер Сити и ќе игра финале во Лига шампиони