(Видео) Навивачите во Норвешка го маваа Мурињо со топки снег

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, доживеа мал инцидент кога пристигна во Норвешка кај Бодо Глимт каде неговиот тим вечерва ќе игра во четвр-финалето во Лига Европа.

Иако некои од навивачите сакаа да се поздрават и да му земат автограм, еден од нив почна да фрла со снег кон Португалецот. За потсетување, Рома во групната фаза го претрпе еден од најголемите порази сезонава од Бодо Глимит со 6:1. Вториот натпревар заврши нерешено 2:2.

Scroll to Top