(Видео) Неверојатна глетка во близина на островот Вис: десетици китови од загрозен вид во Јадранот

Десетина китови биле снимени со дрон во близина на островот Вис, кои најчесто доаѓаат на Јадранот во потрага по храна.

„Го снимивме вчера пред Комиже. И уште едно видео каде што подобро можете да ја видите точната позиција каде се снимени. Прво снимивме група од 3-5 единки, по 15-тина минути забележавме уште една со слична големина. Ова видео е снимено 20-тина минути по спојувањето на двете стада и има околу 10 единки“, изјавил Бранимир Биочиќ, кој бил сведок на оваа неверојатна сцена за Моркси хр..

Станува збор за кит со перки или голем северен кит. Тој е најблискиот роднина на синиот кит и после него е следното најголемо животно на Земјата.

„Оделе од правец на Ластово кон Барјаци. Кога почнавме да ја снимаме таа прва група и и пријдовме со дрон, тие нурнаа и ги немаше околу 10 минути. Возевме по нив бидејќи не беа далеку од нас“, раскажал Биочиќ.

Големите северни китови се заштитени со закон и се на листата на загрозени видови. Најчесто доаѓаат на Јадранот во потрага по храна, најчесто за ситни риби и планктонски ракчиња. Големиот северен кит е во просек долг 20 метри и тежок 70 тони.

„За време на риболовот ја доживеавме неверојатната убавина на островот Вис од птичја перспектива со снимки од дрон. Снимајќи го кристално чистото море и вовлеченото крајбрежје, бевме сведоци на импресивна глетка на китови во нивното природно живеалиште. Бевме хипнотизирани“, изјавил Стефан Торес, кој го направил видеото.

Китовите со перки живеат во групи од 5 до можеби 10 животни. Во времето пред големиот лов на китови, постоеле групи на китови со перки со до 300 животни. Китовите со перки пливаат побрзо и нуркаат подлабоко од повеќето други големи китови.

 

Scroll to Top