(Видео) Песни од Тоше и Влатко Стефановски ечеа во Шпанија, стотици млади луѓе се забавуваа на македонската вечер во Алкора

Македонска музика ечеше на источниот брег во Шпанија во градот Алкора, каде Амбасадата на Република Северна Македонија ја поддржа иницијативата на едно локално младинско друштво од градот составено од вљубеници во македонската музика.

Стотици млади луѓе се забавуваа на македонските хитови на Влатко Стефановски, Тоше Проески, Ареа, Фанк Шуи, Суперхикс,Леп и сол и го вееа македонското знаме.

Настанот посветен на македонската песна и култура се организираше во рамките на традиционалниот летен фестивал на градот, а македонската вечер заеднички ја отворија амбасадорот Едмонд Адеми и градоначалникот на Алкора Самуел Фаломир.

Алкора е град од десеттина илјади жители, сместен на само десетици километри од приморскиот град Валенсија.

Scroll to Top