(Видео) Почина акробатка откако падна од трапез

Кинеска акробатка почина откако падна од трапез за време на настап. Во видеото кое се прошири на социјалните мрежи, 37-годишната кинеска акробатка Сун Муму паднала за време на настап.

Падот се случил откако сопругот не ја фатил со нозете. Локалните медиуми јавија дека паднала од височина поголема од 10 метри и дека била пренесена во болница, но лекарите не успеале да и го спасат животот.

На видеото се гледа како гледачите врескаат додека паѓа. Нејзината колешка им кажа на новинарите дека по падот сè уште дишела, објави Дејли мејл.

По оваа трагедија сите настапи се откажани, а во тек е истрага која ќе утврди дали акробатката воопшто носела појас.

 

Scroll to Top