(Видео) Полицијата во Мексико уапси кукла затоа што им заканувала со нож на случајни минувачи

Полицијата во Мексико ја уапси ,куклата Чаки затоа што нејзиниот сопственик ја користел за тероризирање на случајни минивачи. Чаки била спроведена со лисици во полициската станица и била испочитувана целата процедура како за апсење на човек.

Било објавено и видео снимено во полициска станица во државата Коаила во северно Мексико на 11 септември. „Ројтерс“, пренесе дека лицето Карлос Н, на плоштад бил под дејство на дрога и им се заканувал на случајните минувачи ставајќи голем нож во рацете на куклата.

Чаки многу потсетуваа на куклата од хорор филмот „Детска игра“ од 1998 година. Но, постапките на полицајката која дури и ја уапси куклата не ги игнорираше ниту градоначалникот на околината кој ги повика полицајците посериозно да си ја сфатат работата:

„Некои новинари сакаа да позира со куклата и да стави лисици на неа. Таа треба посериозно да ја сфати својата работа и прописите и да не игра играчки“, рече градоначалникот.

Scroll to Top