(Видео) Ракометарки во Кина тренираат со македонска музика

Ракометниот клуб Шандонг од Кина на тренинзите се мотивира со македонска народна музика.

На социјалните мрежи се појави видео како тече еден тренинг во ракометниот клуб додека во позадина се слуша „Ако одам во Битола“.

Инаку поранешниот македонски ракометар, Иван Марковски сега живее во Кина каде ја предводи женската екипа Шандонг од Веихаи.

Марковски ја преземе функцијата на крајот на мај. Тој веќе потпиша договор со еден од најдобрите кинески клубови на три и пол години.

За Марковски ова не е прво интернационално искуство во женскиот ракомет, бидејќи претходно работеше во Франција како тренер на женскиот тим на Авенуа.

Видео: Инстаграм Иван Марковски

Scroll to Top