(Видео) Роналдо е суспендиран затоа што одби да влезе во игра

Кристијано Роналдо бил суспендиран по мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем во 12 коло во Англиското првенство, затоа што одбил да влезе во игра на крајот од натпреварот.

Ова го потврди тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, кој го суспендираше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Сега е објавено и видео од моментот кога Роналдо одбил да го послуша тренерот и си заминал предвреме во соблекувалната.

Прво Тен Хаг побарал да се загрее, а Роналдомафтајќи со прстот му покажа дека нема намера да влегува и стана и кратко откако застана пред клупата за резервни играчи, си замина во соблекувалната.

Случајот со Роналдо и неговиот статус во Манчестер Јунајтед и понатаму е главна тема на медиумите на островот и засега не е познато дали ќе биде во конкуренција за следните натпревари на Манчестер Јунајтед.

 

Scroll to Top