(Видео) Се огласи по операцијата: познатиот Дел Бој откри како се чувствува

Познатиот актер Дејвид Џејсон за прв пат се огласи на социјалните мрежи по операцијата на колкот што ја одложи конвенцијата „Only Fools And Horses“ посветена на култната серија „Fools“ во која тој го глумеше Дел Бој.

Дејвид Џонсон, кој го глумеше Дел Бој на Би-Би-Си од 1981 до 2003 година, имаше операција на колкот во август кога беше вграден бионички дел.

Конвенцијата ќе се одржи во јануари следната година, а Дел Бој најде (како што се очекуваше) оригинален начин да и каже на публиката дека се чувствува добро. Во видеото кое го објави на мрежата Икс со музика од култниот филм „Роки“ фрла со патерици и покажува дека е во добра форма.

„Шампион“, „Легенда“ мреагираат неговите обожаватели на Твитер.

Во август, Дел Бој им се извини на своите фанови на Фејсбук за одложувањето на конвенцијата, тогаш рече дека мора да оди на операција, но не откри за каква операција се работи.

Scroll to Top