Два авиони на компанијата „Визер“ се судрија во вторникот попладнето на аеродромот во Сучеава во Романија. Авионот Ербас А320, кој требало да полета за Дортмунд попладнето на 14 март 2023 година е оштетен на аеродромот.
Инцидентот се случил додека еден од двата авионии маневрирал на пистата и удрил во другиот авион. Вториот авион на унгарскиот превозник кој учествувал во инцидентот требало да лета за Бергамо, а бил паркиран на платформата на аеродромот во Сучеава и во него немало патници.