(Видео) Си ги отрул децата затоа што бившата си нашла нов партнер

Маж од Боливија е осуден на 60 години затвор затоа што си ги отрул децата. Тој им ставил отров во јогуртот, затоа што бил љубоморен што неговата поранешна партнерка нашла нов дечко.

Хавиер Хернандез Рохано (37) ги убил своите деца кои биле  на возраст од 4 и 7 години. Ги убил во март во Ла Паз. На судењето раскажа како тоа го направил.

Ѝ рекол на бившата дека ќе ги однесе за да им купи нови патики. Наместо тоа ги однел дома и им ставил инсектицид во јогуртот.

И самиот се обидел да се обие пиејќи од него. Претрпел болки и имал грчеви. Кога отишол во полиција им признал што направил, а потоа бил пренсен во болница каде со недели бил на интезивна.

Како што пренесуваат локалните медиуми. Рохано рече дека ги убил децата од љубомора.

Scroll to Top