(Видео) Сидорф на 47 години даде еврогол како во старите добри времиња

Легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф учествуваше во хуманитарниот натпревар меѓу тимот на Шевченко и тимот на Зинченко. Средствата од овој натпревар завршија за помош на загрозените од војната во Украина. На мечот можеа да се видат многу познати поранешни фудбалски ѕвезди.

Меѓу нив беа Леман, Шевченко, Пике, а тимовите беше мешани и во нив покрај мажи играа и жени.

Сидорф кој има 47 години постигна погодок со кој потсети на старите добри времиња. Легендарниот германски голман Леман не успеа да го одбрани неговиот еврогол.

Scroll to Top