(Видео) Снежна лавина затрупа алпинистички камп на Хималаите

Снежна лавина затрупа аплинистички камп на Хималаите. Инцидентот се случил само една недела откако во слична несреќа на 26-ти септември, според непалското министерство за туризам, загиналаа две лица, а повредени биле десетина луѓе.

Водичот на експедицијата Таши Шерпа бил меѓу оние кои се обиделе да се искачат на планината Манаслу на непалските Хималаи, која со 8.163 метри се смета за осмата највисока планина на светот.

Притоа успеал со камера да ја сними огромната лавина која го затрупала нивниот базен камп.
Немало загинати но биле уништени повеќе од 30 шатори. Некои компании кои организираат експедиции се откажале од понатамошно искачување на планината оваа сезона.

Времето во текот на целата овогодишна сезона на овие простори инаку не било најповолно за алпинистите. Министерството за туризам оваа година издало повеќе од 400 дозволи за искачување на оваа планина, наведува “India Today”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TASHI-LAKPA-SHERPA (@tashi8848.86)

Scroll to Top