(Видео) Тинејџерка со Даунов синдром беше манекенка на Модната недела во Њујорк

Моника Мајерс (14) од Канада беше ангажирана како манекенка на Модната недела во Њујорк и стана едно од првите лица со Даунов синдром кои се појавиле на престижниот моден настан.

„Моите пријателки не можеа да веруваат кога ме видоа во прекрасен фустан, со трепки и фризура. Се чувствував многу храбро и убаво,“ рече Моника по ревијата за „Дејли меил“.

Нејзината мајка ја следела на ревијата и вели дека се расплакала кога ја видела својата ќерка на модната писта.

„Не ни сонував дека може да го направи тоа, ме направи толку горда. Од мала сакаше сѐ што има врска со фризури, шминки и фустани. Секогаш прославувавме сѐ што прави и ја ценевме, а таа никогаш не се срамеше од камерите. Последните години пронајде инспирација во моделите со Даунов синдром и тоа ја поттикна и самата да почне да се занимава со моделинг“, рекла мајката на Моника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monika Myers (@monikamyers08)

Scroll to Top