(Видео) Турист во Грција не може да се откачи од октопод кој му се залепи на грб

На социјалните мрежи се шири видео од плажа во Грција поради необичен гостин кој се појавил во плиткото, на грбот на капачот.

Италијанецот Кристијан Кастања додека уживал во пливањето, во еден момент почувствувал нешто лигаво на грбот. Тоа бил октопод кој цврсто се залепил за грбот, а капачите притрчале на помош.

Кристијан неуспешно се обидувал да го симне октоподот од грбот, а ни другите не успевале во тоа. Кога успеал да го симне од грбот, октоподот му се префрлил на раката, а Италијанецот го натопил во морето и го погалил.

Видеото собра 5,4 милиони прегледи, но и бројни коментари.

Додека некои беа воодушевени од глетката на морското суштество, други напишаа дека нема да издржат ни минута во оваа непријатна ситуација.

@christiancastagna7 Io ed il mio amico polpo #sunmer #foryou #viral #fyp ♬ suono originale – Gigi Soriani

Scroll to Top