Саудиската организација „Рошн“, поддржана од саудискиот богат фонд „Пиф“, најави дека ќе се гради населба северно од Џеда, каде што се планира да се преселат над 130.000 жители.
Она што е особено интересно за овој проект е фактот дека околу градот ќе се гради канал долг 11 километри и широк 100 метри, кој воедно ќе биде прв од ваков вид во Саудиска Арабија. На овој начин, каналот, како и градот, ќе се поврзат со Шарм Абхур, односно каналот кој се наоѓа на источната страна на Црвеното Море.
Под раководство на престолонаследникот Мохамед бин Салман, групата „Рошн“ води многу национални проекти во остварување на целите што земјата сака да ги постигне до 2030 година.
Управниот директор на групата, Дејвид Гровер, го опиша проектот како целосен менувач на играта.
„„Марафи“ ќе ја менува играта во секторот за развој на недвижности. Тоа ќе ја подигне границата за развој во регионот, ќе го подобри квалитетот на животот во Џеда“, се вели во соопштението на Гровер.
„Марафи“ е еден од главните проекти што ќе ја направат Џеда дестинација од светска класа, додаде тој.