(Видео) Зелено небо во Турција додека минува метеор

На социјалните мрежи се појави видео од минување на метеор над Турција.

Една од снимките е направена додека се вози автомобил и покажува поминување на светлосна топка која за момент го зазелене небото. Друга снимка покажува момче на детско игралиште додека зад него небото станува зелено додека минува метеор. Настанот се случил синоќа, а снимката е направена над градот Ерзурум и провинцијата Гумушане во источна Турција.

Странските медиуми јавуваат дека необичната светлина на небото се верува дека е предизвикана од метеороид кој навлегол во горната атмосфера на Земјата и се загреал со триење.

Scroll to Top