(Видео) Зграда во Турција била изградена без темели

Турските медиуми објавија видео од „Јутјуб“ кое го снимија двајца мажи. Покажуваат кон една зграда од пет ката која иако не е срушена, повеќе не може да се живее во неа.

Не можам да верувам. Погледнете го ова. Па зградава нема темели“, се слуша еден од мажите, кои коментираат дека објектот не е урнат и нема ниту една пукнатина. Не е скршен ниту еден прозор.

Еден од членовите на градежниот инженерски факултет на Универзитетот, Арел Синан Кансиз, рече дека било потребно да се направат подобри и поцврсти темели.

„Проучувањето на дното на зградата е направено и требало да се направи зацврстување на темелите. Ако тоа не се направи, може да дојде до рушење на тлото“, предупреди Кансиз, а пренесе турскиот медиум Sabah.

Scroll to Top