(Видео) Змија касна тинејџер за пенис додека седел на тоалетна школка

Змија каснала за пенис тинејџер во Тајланд, додека седел на тоалетната школка во својот дом.

Застрашувачкиот момент се случил додека тој вршел нужда, кога наеднаш почувствувал страшна болка во пределот на гениталиите.

Тинејџерот погледнал кон школката и го видел крв како и отворената устана питон на врвот на неговиот пенис. Питонот во тој момент ја испуштил гордоста на момчето, но ужасот продолжил кога раната предизвикана од угризот на змијата предизвикала крв низ бањата и тоалетната школка.

Врескајќи и со панталоните околу глуждовите, Сирапхоп успеал да истрча од бањата, каде мајка му го смирила и брзо повикала брза помош која брзо го однела во болница. Младиот Тајланѓанец завршил со три конци на пенисот и антибиотска терапија за да ја убие секоја бактерија што ја носеле забите на питонот.

„Бев на тоалетната школка и неколку моменти откако седев, почувствував болка во пенисот. Погледнав надолу и видов змија која висеше во садот, а потоа насекаде имаше крв. Тоа беше мала змија, но неговиот угриз беше силен. Се надевам дека мојот пенис ќе се опорави“, изјавил Сирапхоп за локалните медиуми.

Биле повикани спасувачи на животни кои успеале да го извлечат питонот долг 120 сантиметри од тоалетната школка, пред безбедно да го пренесат назад во дивината.

 

Scroll to Top