Видеото со невестата која добила подарокот од сопругот на венчавката на Тик ток е видено повеќе од 4 милиони пати

Невестата Кајла Реи, на Тик ток сподели видео од нејзината венчавка. Таа го сподели моментот додека го отвора подарокот од нејзиниот сопруг тери, кој всушност не бил наменет за неа, туку за нивното идно дете.

Сопругот на денот на венчавката ја изненадил со нараквица која сакал да ја носи нивното прво дете на неговата или нејзина венчавка. Видеото предизвика голем број реакции и е видено повеќе од 4 милиони пати.

„За своето првороденче, ова е подготвено за тебе, на денот на венчавањето на мене и твојата мајка во 2023 година. Сакав да купам нешто што ќе трае со години и што ќе го носиш на денот кога ти ќе зачекориш до олтарот“, напишал Тери на пораката.

„Во моментов не знаеме како изгледаш, како ќе изгледа твојата насмевка, дали си духовит како татко ти или досетлив како мајка ти, но знаеме дека во овој момент, денес си сакан затоа што ќе те имаме како продолжение на нашата љубов“, стои во пораката.

„Ова е неверојатно внимаетлно. Морам повторно да се нашминкам затоа што буквално ме расплака. Ова е неверојатна убава слика на вистинска љубов, за тебе и љубовна приказна за твоето семејство. Толку е желен и подготвен да создаде живот со тебе“, биле само некои од коментарите.

@kayrae.e i cry watching this video every time #foryou #baby #weddingtiktok #emotional ♬ original sound – ✨🌊

Scroll to Top