Викенд хороскоп: страст и романса за биковите, нова симпатија за близнаците

Овен
Засукајте ги своите ракави и искористете ги своите организациски вештини. Универзумот ви носи силна желба да се посветите на работите поврани со домот. Време е да се ослободите од хаосот и да и кажете збогум на негативната енергија која владее и во вашите односи. Ослободете се од сето она што не ви е веќе потребно и оставете простор за нови нешта и луѓе во вашиот живот. Ако сте во врска, уживајте во времето поминато со саканата личност. Слободните Овни имаат можност да запознаат нови луѓе и да се препуштат на нови искуства. Бидете храбри во љубовта.

Бик
За време на викендот, Биковите ќе посакаат да се препуштат на уживање. Движењата во вашата астролошка карта покажуваат баланс во различни аспекти на вашето живеење. Ако сте во врска и имате некакви планови со саканата личност, очекувајте убав викенд исполнет со возбуда и задоволство. Само потрудете се да излезете од својата регуларна рутина и да направите нешто ново. За слободните Бикови, овој викенд носи можност да ги проширите своите хоризонти, но не дозволувајте да пропуштите некоја прилика поради вашата бавност. Ова е викенд исполнет со романса и страст, но само ако си го дозволите тоа.

Близнаци
За родените во овој знак, ова е викенд исполнет со многу различни ситуации. Една мала ситуациј би можела да ескалира во нешто поголемо, освен ако не си дозволите прво да се смирите, а потоа да реагирате. Ако сте во врска, комуникацијата ќе биде важна и со саканата личност. Ако се соочувате со тешки емоции, направете мал одмор и бидете сами со себе за да сфатите што ви се случува. Слободните Близнаци би можеле да запознаат нова личност покрај која ќе им биде многу пријатно. Искористете ја позитивната енергија која ви ја носат планетите овој викенд.

Рак
Подгответе се за викенд кој ќе ви донесе чувство на хармонија. Ако забележите некаква негативна енергија, пробајте да побегнете од непотребната драма. Бидете отворени за креативни активности и планирање на иднината и уживајте во посебните моменти со своите сакани. Ако сте во врска, најдете време за саканата личност и покажете им на ваш начин колку ви значат. Слободните Ракови ќе добијат важен совет од друга личност. Можни се промени во вашиот љубовен живот, а неопходно е да се потпрете на интуицијата и да дозволите позитивната енергија да ве води кон луѓе кои се слични на вас.

Лав
За родените во овој знак, викендот би можел да донесе мали предизвици. Се случува голема промена во вашиот љубовен живот, но за некои Лавови тоа може да донесе непријатни емоции со кои ќе треба да се справите. Пред да преземете било што, паметно би било да размислите добро за своите потези. Ако сте во врска, наместо да правите драма, организирајте романтична вечера за саканата личност со која ќе се обидете да ги средите односите. Слободните Лавови би можеле лесно да се поврзат со некого овој виекнд. Но, не носете импулсивни одлуки за кои ќе зажалите подоцна.

Девица
За Девиците, овој викенд носи изобилство љубов и топлина во домот. Освен тоа, ќе бидете насочени кон тоа да направите нешто добро за другите овој викенд. Се проширува вашата перспектива, па сакате да придонесете во својата заедница на значаен начин. Ако сте во врска, важно е да се потрудите да бидете разбрани од саканата личност. Слободните претставници кои се во потрага по љубов имаат потреба од посебна личност, но постојано среќаваат некој кој не ги исполнува нивните стандарди. Можно е во текот на следните денови некој да ви ги покаже своите емоции.

Вага
За Вагите, ова е љубовен викенд. Искористете ја добрата енергија за да се посветите на романсата. Ако сте во врска, имајте отворен ум и потрудете се врската да ја однесете на едно подлабоко ниво. Ако се случуваат промени на ова поле, пречекајте ги со отворени раце бидејќи тие носат среќа во вашиот живот. Слободните Ваги имаат заразна харизма, која носи многу интересни личности во вашиот живот. Некој кому можеби сте му се восхитувале оддалеку, би можел да се потруди да ве освои овој викенд. Ако имате исти чувства, не се кријте позади својата фасада. Препуштете се на љубовта.

Шкорпија
За Шкорпиите, викендот е во знакот на патувањата. Ако во изминатиот период бевте соочени со стрес поврзан со работата, пробајте да најдете начин да поминете повеќе време во природа и да ги избистрите мислите. Овој викенд, подгответе се за нова енергија и нови почетоци. Зафатените претставници почнуваат поинаку да гледаат на љубовта и стануваат попосветени на саканата личност, а слободните Шкорпии добиваат храброст за да донесат голема одлука. Верувајте и на својата интуиција и дозволете таа да ве однесе на вистинскиот пат.

Стрелец
Овој викенд е како рингишпил од емоции за вас. Ако сте во врска, ќе и покажете на саканата личност колку е сакана, но што и да слушнете од неа, ќе ви биде нереално. Не дозволувајте надворешни фактори да влијаат на вашата врска. Вие знаете најдобро што се случува во вашиот љубовен однос. Слободните Стрелци ги очекува жешка романса. Ако сте во потрага по љубов, можно е да сретнете интересна личност на некој собир. Ако некој е љубезен кон вас, дајте му шанса и возвратете со внимание. Дајте и шанса на таа личност, особено ако е некој кој се труди околу вас.

Јарец
Овој викенд носи оптимизам за Јарците. Ќе бидете посветени на различни активности и ќе се потрудите да ги завршите сите оние работи кои се важни за вас. Таквата енергија може значително да влијае на вас и вашата врска. Соберете храброст искрено да и ги покажете своите емоции на саканата личност и очекувајте разбирање, но и многу страст. За слободните претставници, овој викенд носи нови можности. Бидете отворени кон тоа да запознаете нови луѓе, но држете ги своите очи отворени за една посебна личност која не може да го тргне погледот од вас.

Водолија
Овој викенд би можел да донесе ново поглавје во вашиот живот. Очекувајте големи промени. Ако сте во врска, останете оптимистични и посветете се на љубовта, на оние нешта кои ве прават среќни. Слободните Водолии полека навлегуваат во интересна комуникација со една посебна личност. Бидете подготвени и за неочекуваното, овој викенд ви носи одлични можности. Пробајте да постигнете баланс меѓу дипломатијата и директниот пристап со цел подобро да бидете разбрани.

Риби
За родените во овој знак, викендот носи убава енергија. Рибите кои се во врска ќе успеат да ја однесат врската на едно повисоко ниво, а за некои од вас доаѓа и до понуда за брак или заеднички живот. Слободните Риби се насочени кон страста, но им одговара и да поминуваат време со различни луѓе и да утврдат каква енергија им одговара. Една посебна личност ќе ви го украде вниманието. Бидете отворени за среќавање различни луѓе.

Scroll to Top