Викенд хороскоп за 29 и 30 јули: нови пријателства за рибите, подобрување на финансиите за лавот

Овен
Меркур влегува во Девица, што значи дека ќе бидете поттикнати да се фокусирате на некои идеи или можности за нови нешта во вашиот живот. Но, чекор по чекор. Ова е динамичен викенд за вас, но не се преоптоварувајте со многу работи одеднаш.

Ако чукавте на врата која не се отвора, тогаш веројатно тоа е погрешната врата за вас. Ова е важна лекција која ќе ја научите за време на викендот. Но, за среќа, се отвораат нови можности и доаѓа бран на убава енергија.

Бик
Вие сте знак кој генерално се плаши од промени, но моменталното влијание на планетите е такво што ве поттикнува да направите храбар чекор. Насочени сте кон исполнување на вашите цели, а ако се чувствувате непријатно, само имајте на ум дека сите промени се такви на почетокот.

Ако вашето шесто сетило ви вели дека некој не е сосема искрен кон вас, тогаш добро е да ја испитате ситуацијата. Можеби нема да најдете никаков проблем, но ќе се чувствувате подобро кога ќе имате појасна слика за таа личност.

Близнаци
Меркур влегува во вашиот сектор на домот, што може да ви донесе можност да зборувате отворено за некои важни прашања поврзани со семејството и домот. Ова е време на откритија и искуства кои на одреден начин ќе ве направат посилни. Секако, тоа нема да се случи преку ноќ, но важно е да сте свесни за тоа.

Сезоната на Лавовите  ви помага да стекнете нови пријатели. Ако ви е потребно нешто ново, излезете и бидете меѓу луѓето. Тоа ќе ви дојде добро. За некои слободни претставници на овој знак, можна е и романса.

Рак
Меркур влегува во Девица во вашиот сектор на комуникација, што може да направи да имате што многу да кажете. Но, некогаш постои тенденција премногу да анализирате, а тоа сигурно не е нешто што треба да го направите овој викенд.

Ако нешто функционира добро во вашиот живот, не ги брзајте работите. Оставете ги работите такви какви што се и пуштете го успехот да дојде до вас.

Лав
Ова е ваша сезона на многу можности, а викендот не е исклучок од тоа. Имате можност да иницирате квалитетна професиионална соработка и да дојдете до одлична соработка бидејќи Меркур влегува во вашата зона на финансии.

Ако на моменти се чувствувате немоќно, имајте на ум дека не треба да им обрнувате внимание на нештата кои се зад вас. Здружените сили на Сонцето и Сатурн ќе ви помогнат порационално и логично да погледнете на некоја ситуација.

Девица
Комуникативниот Меркур влегува во вашиот знак, придружувајќи му се на Марс, овој викенд. Тоа ви носи многу можности, па затоа уживајте. Важно е да правите нови нешта и да се препуштите на нови искуства за да дојдете до нови резултати.

Месечината се спојува со Уран и Нептун што може да ви донесе мала збунетост во недела. Но, за среќа, Марс и Меркур во вашиот знак ќе ви носат убава енергија, така што ќе се чувствувате како да можете да направите чуда. Не заборавајте да се опуштите.

Вага
На сите им е потребен одмор, а вам највеќе овој викенд. Меркур влегува во вашиот сектор на приватност и ви носи одлична можност да ги наполните батериите. Во сабота и недела, Сонцето се здружува со Сатурн што може да ви донесе мали искушенија. Што и да направите, разгледајте ги предностите и недостатоците на одредена ситуација.

Шкорпија
Ако сте слободни, овој викенд носи одлични можности за вас. Големи се шансите да се развие хемија со личност која веќе ја познавате. Но, не очекувајте премногу бидејќи за многу Шкорпии, ова е викенд на авантури. Сабота ви носи ентузијазам за интересни нешта, па така споделете ги своите идеи со пријателите. Препуштете се на уживањето.

Стрелец
Некои Стрелци имаат потреба да направат промени во својот животен стил, а овој викенд носи силна мотивација за тоа. Ќе посакате да смените некои начини на однесување, но и размислување со цел да живеете подобро.

Марс и Меркур се здружуваат заедно и ви носат поттик да се фокусирате на своите големи цели. Ќе бидете амбициозни и тоа може да им пречи на некои луѓе околу вас, но не обрнувајте внимание на тоа.

Јарец
Овој викенд имате можност да дојдете до нови информации и да испробате нови работи и области за кои можеби не сте знаеле ништо досега. Ова е ваша можност да им пристапите на работите со ентузијазам и да додадете повеќе боја во својот живот.

Ако имате некаква цел, имајте на ум дека за да ја исполните, важно е да поставите план. Следните денови ви носат можност за тоа поради здружените сили на Сонцето и Сатурн. Ако треба да донесете важна одлука, испитајте ги опциите пред да се решите како ќе продолжите.

Водолија
Вашиот ум е во потрага на важни одговори во текот на овој викенд. Фокусирани сте на решавање на проблемите и изнаоѓање на решенија кои ќе бидат долготрајни.  Побарајте помош од другите ако имате потреба од тоа. Решенијата некогаш доаѓаат од повеќе глави заедно.

Риби
Ова е викенд за социјализација. Постои голема можност да запознаете нови и интересни луѓе, кои ќе ве поттикнат да бидете искрени во однос на тоа како се чувствувате. Но, внимавајте на зборовите на другите луѓе.

Scroll to Top