Виолинистот Немања Радуловиќ од Србија ќе одржи концерт во рамките на Охридско лето

Во рамките на српската вечер од фетсивалот Охридско лето пред македонската публика ќе настапи српскиот виолинист Немања Радуловиќ.

Концертот на Радуловиќ ќе се одржи во вторник, на 18 јули, со почеток во 21 часот на сцената Долни Сарај во Охрид.

Виолинистот Немања Радуловиќ е уметник кој се труди да ги помести границите на класичната музика, што му донесе голем број обожаватели ширум светот кои уживаат во неговите изведби.

Во придружба на камерниот оркестар „Double Sens“, овој уметник ќе изведе програма од неговиот последен албум „Корени“, за кој самиот посочува дека не е стандардна класична музика, туку музички пробив што ја претставува стилизацијата на традиционалните песни на многу народи, од балканскиот фолклор до мелодиите од далечните делови на Кина, Индија и Јапонија.

Scroll to Top