Влегов во САД без доказ дека сум вакциниран, француски новинар му порача на Ѓоковиќ дека би можел да учествува на УС Опен

Францускиот новинар Квентан Моане му порача на Новак Ѓоковиќ, дека успеал да влезе во САД, без да прикаже никаков доказ дека е вакциниран против ковид 19.

Тенисерот во моментов не може да влезе во САД, затоа што не е вакциниран, но според Моане ова може да се смени до 29 август, кога ќе почне тенискиот турнир во оваа земја.

Центарот за контрола и превенција на болести CDC во САД, неделава ги релаксираше правилата и не е исклучено наскоро да биде усвоен апелот на голем број американски политичари, за сите да можат да влезат во државата, без разлика дали се вакцинирани или не.

Моане кој пишува за познатиот весник L’Ekip, на „Твитер“ напиша дека без никакви ограничување слетал во САД.

„Дојдов во САД и никој не ме праша за било каков доказ за вакцинација. Бев и во март, но тогаш не беше така. Дали веќе почнаа да се применуваат нови правила? Тоа би биле добри вести за Ѓоковиќ“, напиша Моане на „Твитер“.

Тој појасни дека „УС Опен“ исклучиво ги следи одлуките на американските власти и очигледно е дека нешто се менува, но повторно се поставува прашањето дали Ѓоковиќ ризикува да му се повтори „Австралија Опен“ и дека нема да има гаранции за влез во земјата.

За потсетување, Ѓоковиќ доби специјална дозвола за влез во Австралија, каде беше задржан неколку дена во карантин. Не му беше дозволено да учествува на турнирот. Тој сега има можност да го потврди своето учество до 25 август.

Во прашање се четири дена пред турнирот кога најкасно може да го откаже настапот. Во случај да не го направи тоа, ризикува да биде казнет.

Scroll to Top