По повод дваесет години од убиството на Вјеран Миладиновиќ – Мерлинка, првата јавна транс личност во поранешна Југославија, во Белград е поставена скулптура од розеви потпетици, насловена „Број 43“.
Мерлинка е родена во Загреб во 1958, живеела во Белград, а била позната на јавноста како писателка и актерка.
Пред десет години, на годишнината од нејзиното убиство, во центарот на Белград беше поставена и плоча во нејзина чест, насловена „Ул. Мерлинка“.
Вјеран Миладиновиќ – Мерлинка е убиена 2002 година на периферијата на Белград. Јавноста го памети преку нејзината книга „Синот на Тереза“ и по улогата во филмот „Marble ass“ на Желимир Жилник од 1995 година.
Во нејзина чест, меѓународниот фестивал за квир филмови, кој се одржува се која година во Белград е именуван „Мерлинка“.
Фестивалот „Мерлинка“ првото свое издание го одржа во 2009 година, во организација на Геј-лезбејскиот инфо центар и Дом на млади – Белград, со помош на повеќе културни центри и невладини организации.