Во Охридското езеро во Албанија откриена населба стара 8.500 години

Во Охридското Езеро во Албанија откриено е населбата Лин за која се верува дека е најстара во Европа. Селото го пронашле швајцарски и албански археолози кои работеле на истражувања изминативе 4 години.

Со помош на професионални нуркачи покажуваат дека селото служело како центар за развој на земјоделството, занаетчиството и риболовот пред околу 8.500 години.

Со тоа се покажува дека Лин е најстарото езерско село откриено до денес, постаро и од оние во јужна Италија и Европа.

„Селото Лин е само потврда дека крајбрежните населби во регионот, кои се протегаат на планинската граница на Северна Македонија се многу постари од она што некои од археолозите досега го мислеле, рече Алберт Хафнер, професор по археологија од швајцарскиот универзитет во Берн.

Се претпоставува дека во античката населба живееле меѓу 200 и 500 луѓе. Тие граделе куќи на потпорници над површината на езерото. Откриени се и докази кои укажуваат дека селото било зајакнато со илјадници шилести трупци кои се користеле како одбранбена барикада.

Scroll to Top