Вработените во „Твитер“ не се задоволни од новиот сопственик на компанијата Илон Маск. Сега мора да спијат и во канцеларии за да ги испочитуваат роковите кои им ги дал за да ги завршат задачите.
На „Твитер“ се шерува фотографија од една од директорките во компанијата, Ештер Крафорд, која спие на подот замотана во вреќа, а на очите ставила маска за очи. Фотографијата ја споделил едне од вработените Еван Џонс.
„Кога ви треба нешто од шефот во компанијата „Твитер“ на Елон“, напиша Џонс.
Се огласи и Ештер која фотографијата ја сподели кај себе.
„Кога вашиот тим работи 24 часа и се труди да ги испочитува роковите, понекогаш спие каде што работи“, напиша таа.
Откако Маск стана сопственик, вработените се трудат повеќе од вообичаено, а притисокот е сè поголем. Но, Ештер веќе проговорила на социјалните мрежи за новиот сопственик и рече дека е горда на напорите на „Твитер“ за брза да ја промени брзината и да ја оживее визијата.
Вработените во „Твитер“ работат и по 24 часа на ден и спијат во канцеларии за Маск да не ги избрка