Забава во Скопје со најголемите евровизиски хитови

Евровизискиот фан-клуб „ОГАЕ Македонија“ традиционално организира евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и на евровизиската претставничка Андреа во Торино. Забавата ќе се одржи на 30 април од 21 часот во „Нано бар“ во Дебар маало, а влезот е бесплатен.

На забавата, која се одржува традиционално во пресрет на Евровизија, музика ќе пушта диџеј Тина. И овој пат ќе се слушаат најголемите евровизиски хитови и победничките песни од изминатите години, но и песните на досегашните македонски претставници.

Scroll to Top