Здраво, дечки, еве сум! – Берлускони отвори профил на „Тик-ток“

Бившиот италијански премиер Силвио Берлускони (85) отвори профил на ТикТок за да допре до помладите луѓе и тоа во пресрет на парламентарните избори во Италија.

„Здраво дечки, еве сум!“- вели Берлускони во своето прво кратко видео на платформата која е најпогодна за тинејџери и на која има липови со пеење и танцување.

 По објавата на видеото, тој собра над 350.000 следбеници за ден ден.
Берлускони, трипати беше премиер. Тој подготвува политички камбек на изборите на 25 септември. Италија неодамна ја спушти возрасната граница за гласање за горниот дом на парламентот од 25 на 18 години, со што четири милиони Италијанци добија право на глас.
Scroll to Top