Зегин онлајн повторно се закити со награда за најпопуларна е- продавница за 2022 година

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и оваа година се одржаа Ecommerce Awards- награди за избор на најдобрите во македонската е-трговија. И оваа година компанијата Зегин со е- продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои третото место во категоријата ”Најпопуларна е-продавница”, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкуренстноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци. Онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk функционира две години, а доказ за успешноста е токму оваа награда која претставува одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина – велат од компанијата.

Во тој контекст , по барање и на задоволство на купувачите, оваа година услугите на онлајн продавницата www.zegin.com.mk се прошируваат и се достапни во сечиј дом на територијата на целата држава, за уште подобро, полесно и подостапно купувачко доживување.

Scroll to Top