Американката Бритни Алба за 13 месеци родила два пара близнаци. Иако ретко во животот се случува вакво нешто, со сопругот Френки вели дека кога е во прашање Бог, сè може да се случи. Двајцата не се ни обидувале да забременат откако го добиле првиот пар близнаци.
Живеат во Тускалоса, Алабама во САД, а Бритни е наставничка по четврто одделение, додека Френки работи како пожарникар. Се запознале во црковен камп во средно училиште. Сега се родители на четири деца. Лука и Леви имаат 18, а нивните сестри Лидија и Линли 4 месеци.
Бритни доживеала високоризична бременост кога ѝ се родиле синовите, исто така близнаци. Лука и Леви имале само шест месеци кога дознала дека е повторно бремена. Френки се пошегувал за време на ултразвукот дека можеби техничарот треба да провери дали има два отчукувања на срцето.
По повторната проверка, потврдил дека Бритни носи близнаци.
„Бев во шок, но и возбуден во исто време. Тие се дефинитивно благослов“, рече Френки.
Бритни била примена во Центарот за жени и доенчиња на Универзитетот во Алабама во Бирмингем во 25-та недела, за лекарите да можат да ги следат девојчињата 24 часа на ден. По повеќе од 50 дена во болница, Лидија и Линли се родени на 25 октомври 2022 година.
Бебињата поминаале шест недели на Одделението за интензивна нега за новороденчиња пред да бидат однесени дома на 7 декември 2022 година. Со помош на пријателите и семејството, Френки и Бритни успеаја да ги надминат сите секојдневни проблеми.
Нивните мајки се грижат за близнаците додека Бритни и Френки работат, а секоја баба зема по еден комплет. Бритни се вратила на работа, но благодарение на нејзините соработници успеала да добие подолго породилно отсуство од очекуваното. Колегите и ги донираа своите боледувања за таа да има дополнително време да биде дома пред да се врати на работа.
Истото го направија и колегите пожарникари на Френки. Бритни вели дека и постарите браќа им помагаат и се одлични со девојчињата.
„Момците се одлични со девојчињата. Нивниот главен фокус е само играње и забава. Преслатки се“, рече Бритни.
За потсетување, само околу 3% од бебињата родени во САД се повеќекратни раѓања, при што близнаците сочинуваат приближно 97% од тој број. Бременостите како оваа на Бритни се уште поретки.
Додека ваквите близнаци сочинуваат 0,3 проценти од сите бремености, вториот сет на близнаци на Бритни и Френки е уште позначајно статистички, 1 на секои 10.000 бремености.