Жена за првпат би можела да седне на селекторското место на Англиската фудбалска репрезентација

Сарина Вигман би можела да биде првата жена селектор на Англиската фудбалска репрезентација. Таа може да го смени Герет Саутгејт кој на клупата на Гордиот Албион е од 2016 година.

Сарина е жената која ги предводеше Англичанките до трофејот на Европско минатата година, а сега и до финалето на Светско. Нејзиното име прв го спомена претседателот на Фудбалската асоцијација на Англија, Марк Билингем.

„Сарина Вигман многу веројатно ќе го замени Герет Саутгејт како селектор на англиската репрезентација. Среќeн сум поради неа и што ѝ оди многу добро. Сарина е најдобрата личност за наследник на Саутгејт. Што е важно што е жена? ако таа е најдобар кандидат“, рече Билингем.

Scroll to Top