Жерар Пике заминува во пензија, престојниот меч го најави како последен на „Камп ноу“

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике најави дека заминува во пензија. Тој преку емотивно видео најави дека престојниот меч ќе му биде последен на „Камп Ноу“.

„Навивачи, овде Жерар. Последните неколку недели и месеци многу се говореше за мене. Јас досега не кажав ништо, но сега јас ќе бидам тој кој говори. Да се биде првотимец на Барселона и да се освојат сите можни трофеи, да се биде првак на Европа и светот. Да играш заедно со најдобрите играчи на сите времиња и да бидеш нивни капитен и пријател засекогаш. Поминаа 25 година откако пристигнав во Барселона. Фудбалот ми даде се, Барселона ми даде се. Вие навивачите ми дадовте се. И сега кога детскиот сон ми е остварен, сакам да ви кажам дека е време за крај. Саботниот натпревар ќе ми биде последен на „Камп Ноу“. Ќе бидам само обичен навивач, но секогаш ќе ја бодрам Барселона. А ме знаете. Еден ден, порано или подоцна ќе се вратам. Се гледаме на „Камп Ноу“. Да живее Барселона“, вели Пике во обраќањето до фановите.

Scroll to Top