Жирафата Каспер пцовисала од салмонела во скопската Зоолошка градина

Жирафата Каспер во скопската Зоолошка градина пцовисала од инфекција со салмонела пренесе „Макфакс“. Од факултетот за ветеринарна медицина инфекцијата ја откриле во нејзиниот желудник, црниот дроб, слезината и во цревата. Во цревата биле најдени и паразити.

Засега нема информации со што надлежните ја хранеле за да ја добие инфекцијата. Директорот Зоран Попов рече дека животното повеќе месеци не било во добра состојба.

За потсетување, жирафата Каспер пцовиса пред еден месец. Имаше 12 години, а во Зоолошката во Скопје беше донесена во 2012 година. Ова е втора жирафа што пцовиса во Зоолошката. Претходната почина во 2014 година на три и пол години.

Scroll to Top