Златан Ибрахимовиќ се прости од својот голем пријател Тијс Слегерс кој почина од рак

Познатиот холандски фудбалски новинар и портпарол на ПСВ Ајндоховен, Тијс Слегерс, почина во понеделникот на 46 години. Слегерс долго време се бореше со ракот, а минатиот месец објави дека неговиот живот повеќе не е во рацете на лекарите и медицината.

Во октомври 2020 година објави дека има акутна леукемија и дека мора да направи трансплантација на матичните клетки. На почетокот изгледаше дека операцијата е успешна, но брзо потоа настанаа сериозни компликации.

Слегерс во јавноста беше познат по големото пријателство со Златан Ибрахимовиќ.

„Беше единствениот пријател кој ми остана од времето кога играв во Холандија. Тогаш бев млад, изгубен и збунет и немаше кој да ми помогне. Во тоа време немав добар однос со новинарите. Всушност новинарите ми беа непријатели. Тогаш ми се најде Слегерс“, рече Ибрахимовиќ во едно итервју.

 

Scroll to Top