Змија во авион предизвика принудно слетување во Јужна Африка

На приватниот авион „Бичкрафт барон 58“ имало четворица патници и… змија. Двајца вработени во аеро-клубот „Ворчестер“, од каде што првпат полетал авионот, потврдиле дека претходно ја забележале змијата под леталото и дека се обиделе да ја фатат, но безуспешно – таа избегала.

Еразмус потоа се обидел да ја најде змијата пред да полета авионот, но бидејќи ја немало, претпоставил дека таа се извлекла од леталото.

Пилотот вели дека не се чувствува „посебно“ по својот смирен и присебен потег и слетувањето.

– Мислам дека пофалбите се малку претерани, бидејќи и моите патници останаа присебни и смирени, додаде тој.

Каснувањето од жолта кобра може да биде смртоносно.

Scroll to Top