Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата богослужба во храмот „Свето Преображение“ во Прилеп, по повод големиот христијански празник Свето Преображение Господово.

Проданоски упати честитки до верниците и истакна дека празникот е потсетник на силата на верата, надежта и духовната обнова, како и на вредностите што ги обединуваат луѓето – љубовта, почитта, човечноста и грижата за ближниот.
Во рамки на празничното одбележување, утрово беше одбележан и 36-годишниот јубилеј од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Одбележувањето на јубилејот ќе продолжи вечерва во 19 часот, пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
„Нека Свето Преображение Господово донесе здравје, мир, благодет, љубов и радост во секој прилепски дом. За многу години!“, порача Проданоски.






