Тоневски: Нова улица за Калниште, продолжува унапредувањето на патната инфраструктура во Пробиштип

Започна асфалтирањето на улица „3“ во населбата Калниште, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски.

Проектот опфаќа целосна подготовка на трасата, пробивање на улицата, тампонирање, поставување дренажа, како и асфалтирање на сообраќајницата која ги поврзува двете чешми во населбата.

Според Тоневски, со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри сообраќајната поврзаност во овој дел од населбата, а жителите ќе добијат побрз и полесен пристап до месноста Леговец и околните населени места.

 

„Продолжуваме посветено да инвестираме во современа и квалитетна патна инфраструктура, со цел да обезбедиме подобри услови за живот за сите наши сограѓани“, порача Тоневски.

Scroll to Top