Дневен хороскоп за 28 февруари

Овен
Често не можевте да ја видите границата помеѓу фантазијата и реалноста во изминативе три седмици поради ретроградното движење на Меркур. Неретко си ги претставувавте работите многу полошо отколку што навистина беа. Ќе започнете да гледате на работите пообјективно и лесно ќе можете да препознаете лажно пријателство или умилкување. Започнете повеќе да ѝ верувате на својата интуиција.

Бик
Постојано се грижите за финансиите, ситуацијата е загрижувачка, но опуштете се малку. За некои работи денес ќе биде потребно да инсистирате повеќе и да не се откажувате. Денес може да биде клучен ден за да решите важни прашања. Искористете го денот за да донесете некоја одлука поврзана со партнерот. Денес ќе бидете посебно емотивно расположени, па најдобро е заедно да го поминете времето.

Близнаци
Во конфликтна ситуација сте со самите себе. Свесни сте дека што и да направите ќе се каете, пред да донесете одлука добро размислете. Било какво решение е подобро од неизвесност. Исконтролирајте ги нервните напади. Разговор со личност која многу ја цените ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ве потсети да си придадете поголемо значење себеси.

Рак
Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.

Лав
Нема да бидете многу корисни на работното место. Повеќе размислувате за слободното време, партнерот и пријателите. Потребен ви е одмор за да можете да се концентрирате на одредено нешто. Ќе имате некои идеи, но ќе бидете и мрзеливи за да ги спроведете на дело.

Девица
Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.

Терезија
Денот го поминувате размислувајќи како да стекнете признание од околината. Ви недостасува самоконтрола затоа дистанцирајте се од сè. Амбициозни сте, а сепак нереално ги проценувате сите ситуации и можности. Бидете внимателни, можете да бидете жртва на неуспех. Насочете се само на една работа и на неа концентрирајте се. Денес ќе запознаете интересна личност која ќе ви ја разбуди желбата за зборување.

Скорпија
Денес ќе бидете едноставно неодоливи. Ќе плените со остроумност и подготвеност за преземање на смели потези. Нема да дозволите други да ве ограничуваат и бестрашно ќе го покажувате вашиот немирен дух. Изразете се без воздржување, ова е ден за незаборавни моменти.

Стрелец
Денес обидете се да издржите без оглед колку ве нервира секојдневниот ритам кој e често пренапорен за вас. Со добра организација на работите ќе успеете да го постигнете она што го сакате. Би требало да закажете деловен состанок со некој jарец или некоја вага.

Јарец
За вас е најнормално да сте опкружени со расположени и зборлести луѓе. Уживајте во денот, тој е многу поволен за вас, но пред забавата завршете ги прво работните обврски. Нешто ве измачува и ве тера да се сомневате во некого. Избегнете ги таквите чувства. Ќе бидете поголеми оптимисти и нема со сомнеж да гледате на секоја постапка на вашиот партнер или на пријателите.

Водолија
Првата половина од денот поминете ја во елиминирање на обврски од вашата дневна листа. Не дозволувајте некој да ве извади од колосек и да бидете принудени да надоместувате во текот на следните денови. Ќе запознаете личност која заслужува да биде ценета, па покажете и колку ја почитувате.

Риби
Обидете се да не се оптеретувате премногу со туѓите грижи, бидејќи многу работи досега сте ги преземале на својот грб. Младите лица од овој знак може да очекуваат голем успех, а ако сте родени во ’80-те, ќе мора во нешто да му попуштите на еден јарец или на некоја водолија.

Scroll to Top